ДУШШЕН БАЛКАН

Во месец октомври 2019 година од 10 до 14 го организиравме првиот семинар за едукација ,обука и дружба до една заедница ДУШШЕН БАЛКАН .Настанот беше овозможен од ПТЦ ТЕРАПИЈА https://www.ptcbio.com/about/strive-awards-program/ преку Стриве наградта која се доделува од 2015 година наваму и се однесува на проекти и организации кои се залагаат за подобрување на квалитетот на живот кај децата со душшен мускулна дистрофија.

Семинарот се одржа во хотел Сириус во Струмица.Покрај учесниците физиотерапефти и родители со деца со МД од Македонија имаше и гости од организации од Србија ,Словенија и Бугарија.На семинарот главен предавач за хидротерапија и Халивик Концепт беше Мерав Хадар Фрумер од Израел .Сите учесници на семинарот се стекнаа со меѓународно признати сертификати за основен Халивик концепт.

Posted by Natasa Petreska on Среда, 16 октомври 2019

Покрај обуката помеѓу учесниците се разви и една прекрасна дружба која беше збогатена со преставата ДОНИ ДАРК во изведба на театар Комедија од Скопје.